Ѓоковиќ: Дојдов на Вимблдон за да се вратам на врвот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дојде до полуфиналето на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, откако во четири сета беше подобар од Кеи Нишикори. Тоа беше 14-та победа во 16 меча за Ноле над јапонскиот тенисер.

„Чувството е прекрасно. Работев цело време, го дигав нивото на мојот тенис и по неколку месеци и турнири, мислам дека конечно успеав да се вратам при врвот. Се борам и се обидувам да дадам сè од себе”, изјави Ѓоковиќ.

Следен негов противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро. Во второто полуфинале ќе играат победниците од дуелите меѓу Федерер - Андерсон и Раониќ - Иснер.