Ѓоковиќ доби „жешка шлаканица“ од Медведев во Лондон

Прворангираниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доживеа неочекуван пораз на завршниот турнир во „О2 Арена“ во Лондон и во вториот дуел загуби од Данил Медведев.

24-годишниот Русин одигра партија за паметење и против Ноле успеа да слави во два сета (3-6, 3-6). Така, Ѓоковиќ ќе мора да го заверува пласманот во наредната рунда во последното коло, кога се соочува со Александар Зверев.

До големата победа Медведев со три брејка. Во првиот сет тој освои сервис на Ѓоковиќ за предност од 3-4 и 3-6, додека во вториот решавачки сет, доволен беше брејкот за 0-2.

Медведев е единствен со максимален учинок во групата. Ѓоковиќ и Зверев имаат скор 1-1, додека последен е Шварцман со два порази.