Ѓоковиќ доби понуда за брак: Извини другар, може на пијачка – ти веќе си се напил неколку (ВИДЕО)

Омажи се за мене, Новак“ се слушна од трибините додека Новак Ѓоковиќ даде изјава по победата над Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен.

Токму тој навивач со кој Ѓоковиќ имаше „дуел“ во текот на мечот.

„Извини другар. Имам сопруга. Но, можеме да се напиеме. Ти веќе се имаше напиено неколку. Веќе разменивме неколку реченици, можеме со задоволство да се навратиме на она што си го кажавме за време на натпреварот“, рече Ноле и ги насмеа сите на трибините. 

Во осминафиналето Ѓоковиќ повторно ќе се соочи со чешки тенисер, бидејќи Јиржи Лехечка го победи францускиот тенисер Бонзи со 6-2, 6-3 и 6-3.