Ѓоковиќ до својот син: „Стефан, немој да пееш песни само за Партизан“ (ВИДЕО)

Српскиот тренер Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата, откако со убедливи 3-0 славеше во финалето на УС Опен против Данил Медведев, а големиот успех го прослави со синот Стефан.

Ноле со својот син скокаа и се радуваа на победата во Њујорк, а Стефан пееше песни од Партизан. Ѓоковиќ, кој е голем фан на Црвена Звезда, мораше да реагира и побара од својот син да пее и песни од Црвена Звезда.

„Стефан, немој да пееш само песни за Партизан. Ајде, Звезда олеее“

Стефан Ѓоковиќ е голем навивач на Партизан, иако неговиот татко е познат звездаш.