• Иван Димовски
Новак Ѓоковиќ и официјално се повлече од настап на завршниот Мастерс во Торино оваа година.
Српскиот тенисер се мачи со повреда поради која нема да биде во можност да заигра на овој турнир. Ѓоковиќ требаше да го брани трофејот во Торино кој го освои минатата година со победата над Јаник Синер.
„Голема чест е да се квалификуваш за завршниот Мастерс во Торино и навистина се радував дека ќе играм таму. Сепак, поради проблеми со повреда нема да можам да настапам на турнирот следната седмица. Се извинувам на сите кои планираа да дојдат и да ме гледаат. На сите играчи им посакувам одличен турнир, се гледаме наскоро“, напиша Србинот.
Инаку неиграњето на финалниот Мастерс ќе значи губење на 1.300 бодови од своето АТП конто. Со тоа на Ѓоковиќ ќе му биде загрозено местото во „топ 10“ на светот за крајот на годината.