Ѓоковиќ: Целта останува иста - сакам да освојам најмногу Грен слемови!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим ќе се загрева за Роланд Гарос, каде главен конкурент за титулата му е Рафаел Надал

Новак не го искористи отсуството на Надал и Федерер од УС Опен и поради дисквалификација ги загуби шансите за нов Грен слем трофеј, иако беше прв фаворит за тоа. Пред настапите во Рим, Србинот истакна дека негова главна цел е да се искачи на врвот по бројот на титули во Грен слем турнирите, но смета дека во Рим, фаворит е Надал. 

„Мојата најголема цел останува да освојам најмногу Грен слемови и да го срушам рекордот на Федерер. Сметам дека Рафа е фаворит во Рим, а веднаш зад него е Доминик Тим“, изјави Новак.

На овој АТП турнир, првиот светски рекет беше слободен во првата рунда, па го очекува подобриот од пресметката меѓу Сангрен и Карусо, а потоа може да налета на сонародникот Крајиновиќ.