Ѓоковиќ: Би сакал да играм тенис уште долги години

Ѓоковиќ пензија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се издвојува како главен фаворит за титулата на завршниот турнир во Лондон. Неговите успеси на последните неколку настапи се предупредување за конкуренцијата која му стои на патот во „О2 Арена“.

Запрашан за тоа кое е негово најголемо достигнување во кариерата, Србинот објасни:

„Тешко е да се избере еден. Сум бил дел од доста добри мечеви, па не би сакал да издвојам еден момент. Задоволен сум и не се каам за ништо што сум поминал во кариерата.

Мислам дека би сакал да играм тенис долго време. Па, не знам колку ќе трае тоа, но посакувам навистина да играм доста долго. Затоа, се надевам дека ќе ме гледате наоколу уште многу години“.

32-годишникот моментално стои на втората позиција на АТП листата, а ако сака да биде на врвот на крајот од годината, ќе мора да стигне најмалку до финалето на турнирот во Лондон наредната недела.