Ѓоковиќ без поголеми проблеми го реши Цонга во Мелбурн

Српскиот тенсиер Новак Ѓоковиќ се пласира во третата рунда на Грен слем турнирот Австралијан Опен, преку Жо-Вилфред Цонга, кого го совлада со лесни 3-0 во сетови (6-3, 7-5, 6-4).

Прворангираниот тенисер на АТП-листата одигра по планот и без поголеми проблеми го доби францускиот ривал. Во првиот сет одлучи брејкот за 4-2, а во вториот, клучен беше освоениот сервис на противникот за 6-5. Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ направи еден брејк, за 3-2.

Во третата рунда на Австралијан Опен, Ѓоковиќ ќе игра со Денис Шаповалов.