• Горан Упале
Српскиот тенисер и поранешен светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, со своето последно интервју предизвика големо внимание во регионот.
Ѓоковиќ отворено зборуваше за теми кои досега ретко ги спомнуваше, но најголем интерес, особено во Србија, предизвика неговата изјава дека на последното Светско првенство во фудбал ја поддржувал Хрватска. Оваа изјава наиде на различни реакции, но Ѓоковиќ истакна дека ги поддржува спортистите од соседните земји и ги цени нивните успеси и напори, без разлика на националните разлики.
„Бев осуден во мојата земја, дури и од највисоките државни службеници. Но, за мене одговорот е прилично едноставен. Пред сè, имам роднини во Хрватска. А и навивам затоа што тоа го чувствувам во моето срце. Како да поддржам некој кој е многу подалеку од мене, а не сосед со кој имам не само семејни врски, туку и толку многу сличности?
Разбирам дека во овој модерен свет сега сме посебни земји. Но, се надеваме дека сфативме дека имаме толку многу заеднички нишки, историски и културолошки, што повторно ќе нè зближат како еден народ“, рече Новак Ѓоковиќ.
Српската легенда во првото коло на Австралија Опен ќе се судри со Нишеш Басавареди од Соединетите Американски Држави.