„Ѓоковиќ беше себичен, кога требаше да биде пример за сите...“

Ѓоковиќ

Продолжува битката на Новак Ѓоковиќ, кој доби поддршка од многу познати личности, вклучувајќи и една американска конгресменка, за добивање дозвола за настап на УС Опен.

Српскиот ас како невакциниран странски државјанин нема да добие право на влез во Соединетите Американски Држави. Последната критика кон него пристигна од познатиот американски кардиолог, Џонатан Реинер.

„И покрај тоа што мислам дека треба да игра на УС Опен, мислам дека целосно згреши во најлошиот момент на пандемијата, кога требаше да биде пример. Тоа што го направи е многу себично, тоа е чиста себичност.

Кога ги гледам спортистите, ги гледам како пример за јавноста и дека се обидуваат да го претстават најдоброто од нас. Кога момците играат бејзбол или одат на УС Опен и навиваат за играч, се надеваат дека тој играч ќе ги научи што треба да прават за да достигнат повисоки нивоа во животот. Приказ на храброст, дисциплина или пожртвуваност...,“, изјави Реинер.

Последниот Грен слем турнир во сезоната започнува на 29 август. Ѓоковиќ се подготвува за настап на тврда подлога и се надева дека ќе добие шанса да заигра во Њујорк.