„Ѓоковиќ беше на работ на распад, телото почна да го кажува своето!“

Поранешниот американски тенисер, Енди Родик, го анализираше неочекуваното испаѓање на Новак Ѓоковиќ на самиот старт од УС Опен. Српскиот тенисер беше елиминиран уште во првото коло од Маријано Навоне по повеќе од четири и пол часа игра.

Сепак, поголема загриженост предизвика неговата физичка состојба. Ѓоковиќ имаше проблеми со грбот и рамото, грчеви, а во текот на мечот и повраќаше.

„Неговото тело едноставно не издржа. Имаше проблеми со грчеви, грбот и колковите. Има 39 години и телото почнува да го кажува своето“, изјави Родик.

Американецот смета дека е рано да се зборува за крај на кариерата, но признава дека времето е фактор кој ниту еден спортист не може да го победи.

„Можеби ќе се опорави и ќе биде подготвен за Австралија, а можеби и нема. Никој не го знае одговорот. Денес изгледаше како да е пред целосен распад“, додаде Родик.

Ѓоковиќ пристигна на УС Опен со големи надежи дека ќе може одново да се бори за рекордниот 25-ти Грен слем, но беше запрен уште во првата рунда.