Ѓоковиќ анулира 0-2 против Циципас и вторпат го освои Ролан Гарос!

По пауза од пет години Новак Ѓоковиќ одново го освои Ролан Гарос. Денешното финале донесе пет сета, а голема шанса да го изненади фаворити пропушти Стефанос Циципас кој испушти предност од 2-0 и на крај дозволи три сета во низа за противникот (6-7/6, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4).

Како и ланската сезона, Гркот стигна до првите два сет. Овојпат и на поубедлив начин, доминирајќи во дуелот со првиот светски рекет.

Никој не очекуваше дека српскиот ас ќе се откаже во тој момент. Тоа го покажа во третиот и четвртиот сет кога одигра најдобро што знае и израмни. Одлучувачкиот сет започна со ран брејк во корист на првиот носител. Тоа му донесе психолошка предност, која ја зачини со одличен сервис и се израдува на трофејот.

Циципас се обидуваше со сите сили да се врати во финалето. Но, недостигаше неговата свежина од почетокот, што му овозможи на Ѓоковиќ рутински да го приведе мечот кон крај.

Ова е втора титула во Париз за Србинот, кој претходно беше најдобар во 2016 година. Грчкиот тенисер ќе мора да почека на прва Грен слем радост во некоја друга прилика.