• Иван Димовски
Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето на УС Опен и уште една година ќе ја заврши без Грен слем трофеј. Српскиот ас не успеа да го изненади Карлос Алкараз, а на прес-конференцијата призна дека не успеал да го одржи физичкото ниво на игра низ целиот меч.
„Изгубив на три од четирите Гренд слем турнири во полуфиналето против нив двајца (Алкараз и Синер). Тие се едноставно премногу добри, играат на многу високо ниво. Останав без енергија по вториот сет. Можев да го задржам Алкараз два сета, но потоа паднав. Истото беше и со Јаник. Тешко ми е да играм со нив, а проблемот е физички.
По четвртфиналето реков дека ќе го подготвам моето тело да остане во ритам колку што е потребно, но тоа не беше доволно. Сега сум во точка каде што не можам да контролирам толку многу, ќе биде тешко да играм против нив во три сета во иднина. Нема да се откажам од Гренд слем турнирите, ќе продолжам да се борам за трофеи и финалиња. Знам дека ќе биде тешка задача“, нагласи Ѓоковиќ.
И покрај тоа, Ѓоковиќ потенцира дека останува мотивиран да се бори за најголемите трофеи, иако е свесен дека пред него се сè потешки предизвици.



