Гергес ја прекина „бајката“ на Андреску и го одбрани трофејот во Оукленд

Германската тенисерка Јулија Гергес ја одбрани титулата во Оукленд, победувајќи ја во финалето талентираната Бјанка Андреску.

18-годишната квалификантка од Канада се покажа како тврд ривал, поведе, но немаше енергија и загуби во три сета (2-6, 7-5, 6-1).

На патот до финалето во Нов Зеланд, Андреску ги елиминира Венус Вилијамс, Каролина Вознијацки и Су-Веи Хсиех.

Гергес е првата тенисерка која ја одбранила титулата во Оукленд по Елени Данилиду пред 14 години.