ВИДЕО: Гарсија слави во Варшава, Бузкова најдобра на турнирот во Прага

Најдобрите светски тенисерки продолжуваат да се подготвуваат за сезоната на тврда подлога, за УС Опен и завршните Мастерси.

Каролин Гарсија го освои турнирот во Варшава, откако во финалето ја совлада Романката Ана Богдан со 6-4, 6-1. Ова е нејзина деветта титула во кариерата. На патот до тронот во Варшава, таа ја совлада светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек.

Во Прага, Мари Боузкова од Чешка загуби само три гема во финалети против Русинката Анастасија Потапова (6-3, 6-0) за своја прва ВТА титула во кариерата.