ВИДЕО: Фудбалска магија на тениски терен - Тием одушеви со контролата на топчето

Тием

Австриецот Доминик Тием имаше лош ден и убедливо загуби во четвртфиналето на турнирот во Монтреал. Од него подобар беше Русинот Данил Медведев кој за влез во финалето ќе игра против сонародникот Карен Хачанов.

Четвртиот светски тенисер можеби не покажа добра игра, но затоа го украде шоуто со еден потег. При еден сервис, противникот му го врати топчето, а тој на фантастичен начин ја употреби ногата и предизвика одушевување на трибините.

Погледнете го фудбалскиот потег: