• Саше Љолес
Американецот Тејлор Фриц извојува важна победа над Алекс Де Минер со 2-1 и се наоѓа на чекор до полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино, по сетови 5-7, 6-4 и 6-3. За математичка потврда за пласманот меѓу четворицата најдобри, на Фриџ му треба само уште еден сет во полза на Синер во вечерашниот дуел со Медведев.
Фриц со пресврт успеа да го надигра Австралиецот и дојде до значаен триумф, а мечот траеше два часа и девет минути. Одличната игра на американскиот тенисер во вториот и третиот сет беше пресудна за победата.
Де Минер (деветти на АТП) пружи одлична партија само во првиот сет, но потоа потклекна пред фаворитот кој e четири места подоброрангиран од него на АТП листата.
Евентуалниот противник на Фриц ќе биде познат по мечевите од третото коло во другата група.