Фриц: Не морав да играм фантастично за финале, без „големата тројка“ е поинаку

Тејлор Фриц успеа да ја израдува американската јавност, но не во целост бидејќи загуби од Јаник Синер во битката за трофејот на УС Опен. 

Американецот нагласи дека е разочаран, пред сè поради навивачите кои посакувале славје. Исто така, тој призна дека релативно лесно стигнал до финалето и работите се поинакви без „големата тројка“

„Се чувствувам тажно бидејќи ги разочарав луѓето. Чувствував дека Американците сакаат свој шампион по толку долго... Се разочарав и себеси со начинот на кој играв, особено во некои удари. Од овој турнир носам многу добри работи, но би сакал да играв подобро во финалето. 

Немав потреба да играм фантастично за да стигнам до финалето. Ѓоковиќ и Алкараз загубија рано, па ждрепката се отвори. Во ниту еден момент не чувствував дека играм нешто специјално, но тоа во финалето не можеше да мине“, изјави Фриц. 

Во делот од ждрепката на Фриц беше Новак Ѓоковиќ, кој беше рано елиминиран од Попирин и тоа им ја олесни задачата на ривалите.