• Горан Упале
Кошмарниот ден за американскиот тенис на УС Опен продолжи со елиминацијата на Тејлор Фриц. Домашниот фаворит загуби од Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2, по сетови 6-3, 6-4, 3-6, 4-6, 4-6.
Фриц имаше огромна предност бидејќи водеше со 2-0 во сетови, а во третиот имаше и брејк предност, но Серундоло направи неверојатен пресврт.
Во решавачкиот сет Американецот имаше три последователни брејк-топки при 4-3, но не ги искористи, по што Аргентинецот ја искористи својата шанса и стигна до најголемата победа во кариерата.
Серундоло за првпат се пласираше во осминафинале на еден Грен слем турнир, каде ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Блокш и Коболи.



