Французите победници во двојки на фјучрсот во Скопје

Француската комбинација Саша Вајенбург и Антоан Оанг (втори носители) се победници на фјучрсот во Скопје во конкуренција на двојки. Тие во финалето ги совладаа Јанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија со 2-0 во сетови (6-1 6-2) за 56 минути. Оваа двојка оваа година има и победа на фјучрсот во францускиот град Кретеј.

Првиот сет мина во целосна доминација на француските тенисери, кои поведоа со 3-0 го гемови, а потоа противниците го освоија единствениот гем во сетот, за потоа да следи нова серија на победниците од три гема. Французите ја продолжија серијата и со четири гема во вториот сет ја најавија победата откако поведоа со 4-0, до крајот на сетот двата дубла освоија по два гема за конечни 6-2 во вториот сет.

Француската комбинација во Скопје оствари четири победи, но најтешкиот меч го има во првото коло кога по 140 минути игра ги победија Македонците Берк Бугариќ и Калин Ивановски.