• Сашо Поповски

Франција ги промени протоколите за време на новиот бран на коронавирусот кој го зафати целиот свет.
Тоа ги проблематизира шансите на Новак Ѓоковиќ да се појави во Париз и да го брани трофејот кој го освои ланската сезона. Добри вести за него пристигнаа деновиве, кога надлежните органи ги ублажија рестрикциите за странските државјани.
И покрај тоа што не е вакциниран, Србинот ќе биде во можност да се појави на вториот сезонски Грен слем турнир, како што моментално стојат работите. Сепак, засега не се знае дали ќе настапи на Вимблдон и на УС Опен.
Турнирот во Франција започнува на 22 мај и трае до 6 јуни. Ѓоковиќ лани го победи Стефанос Циципас во големото финале на патот до титулата.