Финална АТП листа: Ѓоковиќ шести пат завршува календарска година на врвот

Новак АТП

Новак Ѓоковиќ ја заврши 2020 година на првото место на АТП листата. Овој подвиг го прави шеста сезона во кариерата, што претходно му успеало само на Пит Сампрас.

Веднаш зад него е Рафаел Надал кој славеше на Роланд Гарос, но остана покус од врвот на светскиот тенис. Третото место му припаѓа на Доминик Тием кој првпат во кариерата се израдува на Грен слем титула.

Победникот на завршниот турнир во Лондон, Данил Медведев, е четврт, а поради неактивноста Роџер Федерер ја заврши годината на петтото место.

Меѓу најдобрите десет се уште и Зверев, Циципас, Рубљев, Шварцман и Беретини.