„Финале пред финалето“: Ѓоковиќ спремен за одмазда против Алкараз!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е пред најголемиот предизвик на Ролан Гарос. Српскиот ас во полуфиналето ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз, а според општите проценки овој дуел е окарактеризиран како „финале пред финалето“. Мечот е планиран како прв дуел во денот на централниот терен „Филип Шатрие“.

Ѓоковиќ и Алкараз досега играле само еднаш и тоа во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид во 2022 година, кога Шпанецот беше подобар со резултат 6-7, 7-5, 7-6.

Шпанецот во Париз пристигна како прв тенисер на светот и како прв носител на турнирот. На патот до полуфиналето прво го победи квалификантот Флавиус Коболи, а потоа и Тар Даниел, кој е единствен што му одзеде сет на Ролан Гарос. Потоа во третото коло го елиминира Денис Шаповалов, а преку Лоренцо Мусети и Стефанос Циципас, стигна до самиот крај.

Од друга страна, Новак на стартот беше подобар од Александар Ковачевиќ, а потоа последователно ги совлада Мартон Фучовиќ, Александар Давидовиќ Фокина, Хуан Пабло Вариљас и Карен Хачанов. Србинот најмногу се мачеше со Давидовиќ Фокин и Хачанов. Против Шпанецот одигра два тешки тај-брејка, но сепак победи во три сета, а Русинот му одзеде еден по тај-брејк. Но, Новак брзо се консолидираше, додаде гас и впиша уште една убедлива победа од 3-1.

Минатата година Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција од Шпанецот Рафаел Надал, кој подоцна го освои Ролан Гарос.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Норвежанецот Каспер Руд и Германецот Александар Зверев. Ролан Гарос се игра за награден фонд од 49,6 милиони евра.