Фереро: За „новата генерација“ да ги надмине Федерер, Надал и Ѓоковиќ мора...

АТП тројка

Поранешниот светски рекет број еден Хуан Карлос Ферери им го покажа патот на помладите тенисери, кои се обидуваат да се справат со „големата тројка“ на тенисот - Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Поранешниот тренер на Александер Зверев, еден од членовите на „новата генерација“ тенисери, откри што треба да направат тие, за да застанат пред легендите на „белиот“ спорт.

„За да ги надминат Федерер, Надал или Ѓоковиќ, Зверев и останатите момци кои доаѓаат по нив мора да се подобрат на терено, од самата исхрана, па се до физичката подготовка. Го тренирав Зверев осум месеци и го забележав тоа. Порано играше многу променливо и затоа мислам дека сè уште не може да освои Гренд слем трофеј. Таа непостојаност ги тера младите таленти да играат петти сет, каде искуството секогаш е на страна на повозрасните.

Големата заработка пари мислам дека лошо влијае на нив. Имаат многу дистракции надвор од теренот и не мислат на напредок во тенисот во поголемиот дел од времето. Понекогаш им недостасува и почит за оние кои имаат повеќе направено во тенисот од нив“, смета Шпанецот.

Грен слем турнирите се најголемиот проблем за младите тенисери. Федерер, Ѓоковиќ и Надал се уште доминираат на терените во Австралија, Франција, Велика Британија и САД, па затоа остануваат на самиот врв на светскиот тенис.