Ферер доби „вајлд карта“ за Мастерсот во Мадрид

Поранешниот финалист на Вимблдон, освојувач на Дејвис Купот и некогашен трет светски тениски рекет, Шпанецот Давид Ферер доби „вајлд карта“ за настап на Мастерстот во Мадрид, што ќе биде негов последен настап во кариерата.

36-годишниот Ферер по 16-ти пат ќе учествува во родниоот Мадрид, каде за првпат учествуваше кога имаше 21 година.

„Тој е еден од најголемите тенисери на нашата земја. Давид е исклучителна личност и еден од најдобрите кои сум ги сретнал“, изјавил новиот директор на Мастерсот, Фелицијано Лопез.

Ферер не игра на АТП или Грен слем турнирите веќе неколку месеци, но ќе продолжи да тренира за да не биде само епизодист на својот последен турнир.