Федерер застана пред Иванишевиќ и сега има најмногу асови во историјата на Вимблдон

Роџер Федерер рекорд

Ветеранот Роџер Федерер покажа дека годините за него се само бројка. Во денешното полуфинале, тој одигра во висока форма и го доби дуелот со Рафаел Надал за да обезбеди место во неделното финале.

Во текот на првиот сет, кој го доби по тај-брејкот, швајцарскиот ас испиша нов рекорд на Грен слем турнирот на трева. 

Рекордот на легендарниот Горан Иванишевиќ по бројот на асови на Вимблдон замина во историјата. Нов лидер е тенисерот од Базел кој по 21-ви пат учествува на турнирот.

Новак Ѓоковиќ, шампионот од минатата сезона, ќе биде противникот на Федерер во финалниот меч в недела.