ВИДЕО: Федерер заплака откако големиот Марадона го круниса за најголем на сите времиња!

Аргентинските фанови на тенисот синоќа уживаа во спектаклот кој го организираше фондацијата на Роџер Федерер. Имено, швајцарскиот генијалец во Буенос Аирес одигра егзибиционен меч со Александер Зверев.

Со два подобро одиграни тај-брејка Зверев извојува победа, но резултатот апсолутно не беше важен. По завршувањето на мечот, 15.000 гледаќи со овации со испратија Федерер, а Швајцарецот емотивно заплака по видео пораката од Диего Марадона.

„Здраво маестро, машино, како што јас те нарекувам. Ти беше, си и ќе останеш најголем на сите времиња. Нема никој како тебе. Ако имаш било каква потреба или проблем во Аргентина, да ми се јавиш и да ми кажеш што ти треба. Бакни ги твојата сопруга и твоите деца“, порача Марадона.

Егзибиоциониот меч требаше да го играат Дел Потро и Федерер, но заради повреда Аргентинецот го откажа одигрувањето и му го отстапи своето место на Зверев.