Федерер за час го среди Еванс и обезбеди осминафинале на УС Опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за разлика од претходно одигра беспрекорен натпревар на УС Опен и обезбеди пласман во осминафиналната фаза.

Некогашниот светски рекет број еден со 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-1) славеше над Даниел Еванс и влезе меѓу шеснаесетте најдобри. Дуелот траеше час и 20 минути, а Федерер направи по два клучни брејка во секој сет.

Во наредната фаза Роџер Федерер ќе игра со Давид Гофан или Пабло Карено-Буста.