Федерер во Мексико ќе игра пред 40.000 луѓе!

20-кратниот Гренд-слем шампион, Роџер Федерер, договори егзибициски меч на 24-ти ноември на најголемата арена во Мексико.

Објектот собира 41.200 гледачи и ќе биде прв меч Швајцарецот во Мексико. Противникот ќе биде дополнително определен. Досега Ким Клајстерс и Серена Вилијамс собраа 35.000 гледачи на егзибициски натпревар во Брисел во 2010 година. Сега рекордот ќе биде срушен со скоро сигурно исполнет капацитет.

Шпекулациите водат до меч со Надал, не е исклучено ни Ѓоковиќ да влета во игра, а организаторот се обидува и со други активности да ја збогати програмата на спектаклот.