Федерер сонува за олимпиското злато во Токио

Федерер Токио

Роџер Федерер наскоро ќе се врати на терените и ќе ги израдува милионските фанови ширум светот.

Коленото повеќе не му прави проблеми, па тој им се врати на тренинзите. Покрај Грен слем титулите, швајцарскиот ас има една желба во новата сезона.

„Мојот голем план е да бидам во Токио. Да се надеваме на најдоброто до тогаш. Би сакал да играм на Олимписките игри. За мене не беше лошо што игрите беа поместени една година“, изјави Швајцарецот.

39-годишникот од Базел запиша најголем успех на Летните Олимписки Игри во 2012 година, кога загуби во финалето од Енди Мареј.