Федерер со стил се врати во Рим, лесно совладан Соуса

За многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер со сигурна победа од одбележа своето враќање на Мастерсот во Рим. 

Швајцарскиот ас за нешто повеќе од еден час игра обезбеди осминафинале на овој турнир, откако со 2-0 во сетови го совлада португалскиот тенисер Жоао Соуса. Во првиот сет Соуса во седмиот гем падна на свој сервис, а Федерер со перфектен десетти гем ја потврди доминацијата и поведе со 1-0 во сетови. 

Во вториот сет уште во првиот гем видовме брејк, и тоа повторно од страна на Федекс, кој подоцна токму со одземен сервис на противникот ја запечати победа на овој дуел (6-3).

Од денешната програма на Мастерсот во Рим неочекувана елиминација забележа Доминик Тием, откако беше надигран од ветеранот Фернандо Вердаско, додека Шварцман со сигурни 2-0 славеше над Шпанецот Рамос.