Федерер со срдечна честитка до Надал: Одлично сработено пријателе, заслужи!

Рафаел Надал го израмни рекордот на Роџер Федерер по бројот на Грен слем титули и сега двајцата имаат по 20. Шпанецот одигра мудро и во одлучувачките делови од мечот беше беспрекорен за експресни 3-0 против Србинот и 13 титула на Ролан Гарос. 

По победата, честитки за израмнетиот рекорд, срдечно му испрати Швајцарецот, кој сега го дели приматот со Надал. 

„Отсекогаш сум имал многу респект за мојот пријател Рафа, како човек и како шампион. Како најголем ривал многу години наназад, верувам дека се туркавме заедно напред да растеме како играчи. Навистина ми е чест да му ја честитам 20-тата Грен слем титула. Особено што сега има неверојатни 13 на Ролан Гарос, што е едно од најголемите достигнувања во спортот. Честитки и до неговиот тим, бидејќи никој не може сам. Се надевам дека 20-тата титула е само еден чекор во долгата турнеја за двајцата нас. Одлично сработено Рафа, го заслужи тоа“, напиша Роџер.

Иако многумина очекуваа Србинот конечно да му го нанесе првиот пораз на Надал во финалињата од овој турнир, „Бикот од Мајорка“ докажа дека му нема рамен на земјена подлога и ја запиша 999-тата победа во својата кариера.