Федерер со нова тешка победа до четвртфинале во Шангај

Швајцарскиот ас Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Шангај и со 2-1 во сетови (6-3, 2-6, 6-4) беше подобар од шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут.

Повторно искусниот тенисер играше меч кој траеше два часа, но имаше хепи-енд за него. Во првиот сет еден брејк за 3-1 беше доволен за триумф, додека во вториот, Баутиста-Агут се снајде подобро и направи два брејка, за 2-6. Третиот сет кој го даде победникот беше одлучен со еден брејк, за 5-4.

Во осминафиналето Федерер кој е носител на мастерсот во Шангај ќе игра со Кеи Нишикори.