Федерер со честитки до Ѓоковиќ: Секоја чест, горд сум што играм во оваа ера!

Швајцарскиот ветеран Роџер Федерер, долго време беше неприкосновен на листата со освоени Грен слем трофеи. До минатата година тој беше сам лидер, а сега рамо до рамо со него стојат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Србинот денес го освои трофејот на Вимлдон за израмнување со ривалите, а Федерер како голем џентлмен испрати порака за честитки до Ѓоковиќ.

„Честитки до Новак за дваесеттиот Грен слем трофеј. Горд сум што имам шанса да играм во оваа специјална ера на тениски шампиони. Одличен перформанс, секоја чест“, напиша Федерер. 

  • Објавата на Роџер Федерер:  

„Големата тројка“ во тенисот навистина пружи неверојатни две децении ривалство, акција и неверојатни пресметки, вистинска штета е што полека доаѓаат до залезот на кариерата. Федерер е највозразен и се очекува прв да се повлече, а Новак е една година помлад од Надал. 

Освен Швајцарецот, честитки до Новак Ѓоковиќ испрати и „бикот од Мајорка“. Надал се обрати до својот ривал и искрено му честита на Србинот. 

>>> Се огласи и Надал: Неверојатно е дека тројцата имаме ист број титули...

Најнови вести од
Вимблдон