Федерер: Секако дека би сакал да продолжам, но никогаш не се знае на моја возраст...

Федерер Роџер

Осукратниот шампион на Вимблдон, Роџер Федерер, загуби во три сета против Хуберт Хуркач и остана без можност да игра во ново полуфинале на турнирот.

По мечот швајцарскиот ас доби заслужени аплаузи од навивачите. На прес-конференцијата сите се прашуваа што ќе каже околу својата тениска иднина.

„Не знам, навистина не знам. Мојата цел од лани беше уште еднаш да заиграм на Вимблдон. Потоа планиравме да седнеме и да разгледаме што ќе правам понатаму. Ќе зборуваме во наредните неколку дена, па ќе видиме што ќе одлучиме со тимот. Мора да ги откриеме работите кои ќе ме направат поконкурентен и во подобра форма на теренот. Секако дека би сакал да продолжам, но кога сте на моја возраст, никогаш не се знае“, вели 39-годишникот.

Федерер важи за еден од најголемите тенисери на сите времиња. Не е тајна дека се наоѓа на крајот од својата тениска кариера, останува да видиме уште колку време ќе остане верен на „белиот спорт“.

Швајцарецот првично најави дека ќе настапи на Летните Олимписки Игри во Токио...

Најнови вести од
Вимблдон