Федерер се загреваше против Гојовчик, Нишикори едвај го совлада Манарино

Роџер Федерер одговори на почетната победа на Новак Ѓоковиќ и со победа на Мастерсот во Индијан Велс обезбеди пласман во третото коло. Швајцарецот не се ни испоти во мечот со анонимниот Германец Петер Гојовчик и го совлада со 2-0 во сетови (6-1, 7-5).

Само во почетната фаза на вториот сет, 85-от тенисер на АТП листата му парираше на ветеранот, но Федекс ја исполни целта и победи и ги заштеди силите за понатамошните мечеви во американската пустина.

Пласман во третото коло обезбедија и Медведев со победата против МекДоналд со 6-2, 6-0 и Нишикори, кој се намачи против Французинот Манарино и го победи дури во тај-брејкот на третиот сет (6-4, 4-6, 7-6/4).

Едмунд. Крајиновиќ, Рубљев и Шварцман исто така ќе играат во третото коло на Индијан Велс.  

Поен на денот во Индијан Велс: