Федерер: Сè уште се сеќавам како се чувствував по тој пораз од Винолас

Роџер Федерер не така лесно како што се очекуваше го совлада Алберто Рамос Винолас и обезбеди второ коло на Мастерсот во Шангај. 

Оваа победа на швајцарскиот ас беше еден вид на одмазда за поразот од пред четири години, по кој како што вели Федерер сè уште го памти и му е еден од најболните во кариерата. 

„Го памтам тој пораз. Многу размислував за тој меч, долго време ги гледав најдобрите моменти и се сеќавам како се чувствував тогаш. Знаев дека може да биде опасен и не успеав да се справам со тоа и заслужано загубив. Сепак, сега сум горд што успеав да му возвратам и тоа на истиот терен“, рече Федекс. 

38-годишниот Федерер во третото коло во Шангај ќе се сретне со Гофин, кој денес славеше над Кукушин, откако Казахстанецот го предаде мечот во вториот сет.