ВИДЕО: Федерер се расплака како мало дете кога се потсети на починатиот ментор

Федерер плач

Во пресрет на првиот сезонски Грен слем турнир во Австралија, Роџер Федерер направи интервју со американски „Си-Ен-Ен“, во кое меѓу другото зборуваше и за својот покоен ментор, Питер Картер.

38-годишниот тенисер од Базел најмногу научи покрај неговиот учител од детството, за кого вели дека е најзаслужен за техниката која што ја има во текот на цела кариера.

Картер го загуби животот во 2002 година во сообраќајна незгода, додека се наоѓал на меден месец со својата сопруга. Несреќата се случи една година пред Федерер да се закити со првиот Грен слем трофеј на Вимблдон.

Потсетувањето на својот прв тренер донесе солзи на лицето на швајцарскиот ас, кој не можеше да се воздржи пред камерите: