Федерер се премисли, сепак ќе го прескокне Австралија Опен

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, култниот Роџер Федерер сепак ќе го прескокне првиот Грен слем турнир во 2021 година. Агентот на Федерер, Тони Годсик соопшти дека тенисерот ќе го пропушти Австралија опен во Мелбурн.

Се очекува Швајцарецот да се врати на терените по закрепнувањето од повредата, на крајот на месец февруари. 39-годишниот Федерер изјави дека приоритети во 2021 година за него се Олимписките игри, Вимблдон и УС Опен. Единствениот турнир што Федерер го играше во 2020 година беше Австралија опен, каде стигна до полуфиналето.

Годината која изминува Федерер ќе ја памети по две операции на десното колено и долга пауза од неактивност.

Турнирот е планирано да започне на осми февруари. Квалификациите ќе се одржат надвор од државата. Се очекува потврда дека Доха, Катар ќе биде домаќин на тенисерите/ките кои ќе се надигруваат од 10-13 јануари.