Федерер се премисли, нема да настапи во Мадрид и Рим

Федерер календар

Швајцарскиот ас Роџер Федерер направи промена во календарот за тековната сезона во 2020 година.

Се најавуваше дека ветеранот во белиот спорт ќе настапи на два турнири пред да се појави на Ролан Гарос. На крај, тенисерот од Базел заедно со својот тим одлучи да ги прескокне турнирите во Рим и Мадрид и директно да патува на Грен слем турнирот во Париз.

Изминатата сезона беше една од ретките во последните години во која Федерер одигра неколку турнири на земјена подлога.

Тоа се одлични вести за големите ривали на Швајцарецот, кои ќе имаат една пречка помалку на патот до престижните трофеи.