Федерер се намачи со Зверев, но се врати со победа за второ коло во Штутгарт

Миша Зверев

Вториот рекет во светот, Роџер Федерер, успеа да го елиминира Миша Зверев (3-6, 6-4, 6-2) и со победа се врати на тениските терени во Штутгарт.

Домашниот натпреварувач го изненади фаворитот и поведе со сигурна игра во првиот сет. Сепак Швајцарецот покажа дека е подготвен да се бори за првата позиција на АТП листата и возврати со два сета во низа за конечен триумф по 93 минути игра. Истиот му донесе скор од 18 победи и само два пораза во новата сезона.

На патот до полуфиналето на Федерер ќе му стои подобриот од дуелот меѓу Гвидо Пеља од Аргентина и Прајнеш Гунерсван од Индија.