Федерер се налути по загубениот сет и го „растури“ Нишикори, за 100-та победа на Вимблдон! 

По трите перфектни победи против Кларк, Пуј и Беретини, еден од најголемите фаворити за трофејот во Вимблдон, Роџер Федерер повторно загуби сет на англиската трева, но во продолжение тотално го надигра Кеи Нишикори и ја запиша 100-тата победа на престижниот турнир.

Јапонскиот тенисер тргна одлично и со 6-4 поведе со 1-0 во сетови, по што следуваше доминација на швајцарскиот ас. Федерер за експресни 23 минути и 6-1 израмни на 1-1, за потоа со идентични 6-4 да запише нова победа на неофицијалното Светско тениско првенство. 

Федерер на овогодишното издание на Вимблдон загуби сет и во првото коло против анонимецот од Јужна Африка, Харис. 

Во полуфиналето најверојатно ќе се сретне со својот голем ривал, Рафаел Надал, кој во овие моменти го игра мечот со Квери и има водство од 2-0 во сетови.