Федерер рутински до полуфиналето во Индијан Велс, фановите очекуваат дуел со Надал

Федерер победа

Еден од фаворитите за титулата Роџер Федерер многу лесно стигна до полуфиналето на турнирот во Индијан Велс.

Тој си ја заврши работата и го надигра Хуберт Хуркаш од Полска (6-4, 6-4), а во следната фаза го очекува подобриот од мечот Рафаел Надал и Карен Качанов.

Искусниот тенисер од Швајцарија направи по еден брејк и рутински ги освои двата сета за нешто повеќе од еден час игра. До крајот на неделата 37-годишниот ветеран ќе се обиде да стигне до шестата титула на овој Мастерс турнир со што ќе се осамостои на вечната листа пред Новак Ѓоковиќ кој има пет трофеи зад своето име.

Поен на мечот: 

Поен на мечот: 

Поен на мечот: 

По славјето во Дубаи, Федерер сега атакува на втората титула во низа со која сигурно повторно ќе го поправи својот АТП ранкинг.

Првиот полуфинален пар во калифорниската пустина го сочинуваат Доминик Тием од Австрија и Милош Раониќ од Канада.