„Федерер ризикува да направи будала од себе“

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер најави враќање на АТП терените на Лејвер купот и турнирот во неговиот роден град Базел, што е само увертира за целосен кам-бек следната година. 

За многумина најдобриот на сите времиња надвор од терените е цела година, од Вимблдон минатата сезоната, а во меѓувреме имаше три операции на коленото. Поради тоа, поранешниот тенисер Jон Циријак не мисли дека идејата што ја претстави Федерер не е добра.

„Ако го сакаш тенисот, тое е во ред. Може да игра тенис за забава, што би било одлична работа. Но, да се натпреварува на 40? Не, не, не. Мора да внимава, би било штета да направи будала од себе. И тоа го гледам како опасност, бидејќи толку долго не играл“, изјави Циријак.

Федерер сè уште минува низ фаза на заздравување по трите операции и наскоро се очекува да ги започне подготовките за следните предизвици.