Федерер пријавен за репрезентативен настап, се враќа порано од планираното

Роџер Федерер имаше 2020 за заборав бидејќи поради повреда се појави само на првиот Грен Слем турнир, Австралијан Опен, каде беше елиминиран во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ. Непосредно по него, на стартот од февруари Швајцарецот го одигра последниот натпревар, во егзибициската пресметка со Надал во Африка, а од тогаш е во период на заздравување. 

Иако се шпекулираше дека тој премиерниот настап ќе го има на Австралијан Опен кој е закажан од осми до 21 февруари, сепак швајцарскиот тенисер е пријавен за репрезентативен настап. Се работи за АТП Купот, каде Федерер се најде на списокот заедно со Стен Вавринка. 

Натпреварувањето кое минатата сезона привлече доста внимание и го освои Србија, сега е закажан непосредно пред првиот Грен Слем. АТП Купот за кој е пријавен и Федерер ќе се игра од први до петти февруари во Мелбурн, како увертира за Австралијан Опен.