Федерер ПРЕЖИВЕА и го доби маратонот против Милман

Федерер Роџер

Швајцарскиот ас Роџер Федерер избегна шокантен пораз на Австралија опен, откако во пет сета го победи домашниот тенисер Џон Милман (4-6, 7-6/2, 6-4, 4-6, 7-6/8).

Резервираниот старт на фаворитот го искористи Австралиецот кој направи еден брејк и тргна со почетна предност. Неизвесност имаше и во вториот сет, во кој тај-брејкот го одлучуваше победникот. Овојпат Федерер не дозволи негатива од 0-2, па убедливо се врати во игра.

Од тој момент доминацијата се префрли на страна на третиот носител на турнирот. Еднаш го одзеде сервисот на противникот, поведе со 2-1 и стигна на чекор од победата.

Сепак, Милман не се откажа и возврати во иста мера за да се избори за петти и одлучувачки сет. Миленикот на домашната публика го зададе првиот удар и поведе со 2-1 и брејк во своја корист. Меѓутоа Швајцарецот веднаш се врати и се избори за супер тај-брејк.

Маратонскиот меч кој траеше четири часа на крај имаше среќен крај за Федерер кој освои пет поени во низа за да прослави голема победа.