Федерер потврди: Среќен сум што се враќам во Рим

Роџер Федерер стави крај на сите шпекулации и официјално ќе игра на следниот овосезонски Мастерс кој се игра во Рим. 

Швајцарскиот ас пред два дена изјави дека неговиот настап на овој Мастерс не е сигурен, но синоќа пристигна потврдата, откако истакна дека е среќен што повторно се враќа во Италија. 

„Само што ги завршив преговорите со мојот стручен штаб и среќен сум што можам да кажам дека се враќам во Рим и Италија. Едвај чекам да излезам на тие терени, навистина многу сум возбуден“, рече Федекс. 

Во првото коло Швајцарецот е слободен, а потоа го очекува дуел со победникот од мечот меѓу Тиафо и Соуса. Мастерсот во Рим на програмата е следната седмица.