Федерер поседува уникатен рекорд кој го прави посебен

Федерер

Новак Ѓоковиќ полека, но сигурно ги руши сите рекорди кои ги има поставено Роџер Федерер. Додека швајцарскиот тенисер паузира поради повреда на коленото, неговите ривали чекорат напред и ги надминуваат неговите достигнувања.

Во март се очекува Србинот да испише историја и да стане играчот со најмногу недели на врвот на АТП листата. Рафаел Надал, пак, ќе се обиде да го прескокне Швајцарецот по бројот на освоени Грен слем титули.

Сепак, има податок кој засега е недостижен за ривалите на Федерер. Тој во една календарска година успеал да победи на Грен слем турнир, АТП завршниот турнир, Мастерс турнир, АТП 500 и АТП 250 турнири.

Во 2010 година големиот шампион славеше во Австралија, Лондон, Синсинати, Базел и Стокхолм.

Овој рекорд не е голема мотивација за Ѓоковиќ и Надал, меѓутоа ако им се отвори шанса, сигурно дека нема да размислуваат премногу за да го симнат Федерер од врвот.