Федерер: Победата над Ѓоковиќ ја сметам како двојна, затоа што...

Роџер Федерер изјави дека триумфот над Новак Ѓоковиќ може да ја смета како двојна, затоа што си докажа себе си дека и на 38 години може да ги победува најдобрите во светскиот тенис. 

По нов спектакл легендарниот Швајцарец славеше над големиот ривал со 2-0 во сетови и обезбеди ново полуфинале на Завршниот Мастерес во Лондон, а овој пораз го чинеше Ѓоковиќ елиминација затоа што беше надигран и од Доминик Тием. 

„За Новак имав подготвено план. Тоа беше трет меч за мене во Лондон и влегов во ритам. Не сакам да зборувам многу за поразот во Вимблдон, тоа е минато за мене. Гледам само напред, а оваа победа можам да ја сметам како двојна, затоа што и покрај годините можам да славам над најдобрите“, рече швајцарскиот ас. 

Федерер во борбата за финале во Лондон ќе се судри со Стефанос Циципас, денес од 15:00 часот.