Федерер откри против кого му е најтешко да се надигрува во сала

Роџер Федерер од својот дом го следи последното издание на завршниот АТП Мастерс кој ќе се игра во „О2 Арена“ во Лондон.

Швајцарскиот ас поради повреда не беше во можност да настапи на овој Мастерс и да се збогува со легендарната арена, каде во минатото блежеше големи успеси. Федерер важи за играч кој најмногу сака да се надигрува на тревна подлога, но исто така игра фантастично и во арените на тврда подлога, каде за најтежок противник го посочи Рафа Надал, а не Новак Ѓоковиќ.

„Секогаш имав притисок кога во сала играв со Рафаел Надал, бидејќи јас сум фаворит на тој меч. Тоа се менуваше во зависност од тоа како ќе се одвиваа работите, но тој отсекогаш бил тежок противник за мене“, призна Федерер.

39-годишниот Федерер со шест трофеи е рекордер на завршниот Мастерс, триумфирајќи во 2003, 2004, 2006, 2007, 2010 и 2011 година.